среда, 31 јануари 2007

Lost in Transition

Ова е прв дел од планираниот серијал на постови именуван како "Lost in Transition". Серијалот е замислен да функционира како дел од фото-блог, преку кој ќе пробам да го пренесам моето видување и доживување на македонската транзиција. Процес, кој имено во нашето општество трае предолго, веќе 17 години. Македонскиот граѓанин (со исклучок на еден мал дел "успешни") едноставно се изгуби во транзицијата, носејќи го со себе товарот на истата.

За почеток ќе бидам сконцентриран кон Скопје (без намера да го запоставам останатиот дел од Македонија или пак не дај боже да ви сугерирам дека ова се случува само во Скопје) , се додека не почнам да шетам повеќе по останатиот дел на нашата прекрасна Македонија.

Да не должам понатака, ова го посветувам на сите оние безимени херои на македонската транзиција кои што секојдневно ни прават еден reality check и не потсетуваат на тешката стварност која не опкружува.

Почнувам со еден чичко бездомник, кој што изминатите две години спие пред/под мојата зграда, без разлика на тоа дали е зима или лето. На целата немаштија и сиромаштија, носејќи си го целиот свој имот на напетениот грб, тој сака и успева дел од својот леб да го сподели со гладните гулаби :




За подоцна, откако ќе заврши со хранењето, со мирна душа да легне на ладните скали и да заспие, користејќи ги последните колку-толку топли јануарски сончеви зраци и да се спреми за новата ноќ која што претстои пред него и која носи нови предизвици:




Без ралика на тешката ситуација, ширината на човековата душа не се менува.

понеделник, 29 јануари 2007

Прв пост...

... па да видам како се работи на ова Чудо.