вторник, 5 јуни 2007

Се стумбав со Tico-то...

...да и тоа се случи. God damn it!

Вчеравечер (понеделник). Семафори кај судска палата, правец од МКЦ кон Мавровка.

Се случи пребрзо. За делче од секундата, јас веќе два пати се свртев со колата. Фала богу не се превртев на кров, и што е најважно од се, излегов жив и здрав од колата. Влакно од косата не ми фалеше. Заеби кола, заеби ограда, важно е јас да сум добар.




Како бидна? Ах како... Возев со некои 60-70 Kmh, имаше некои 5-6 секунди од зеленото светло. Се решив да го фатам на зелено, но веќе почна жолто да се пали, и јас како совесен возач за да не поминам на црвено, прикочив и толку беше потребно. Благодарејќи на дождот т.е. мократа улица и на неверојатната “стабилност“ на тикото, истото почна да се врти, да проклизнува и завршив во оградата. Имаше некој страшен бизарен звук на удар, тап удар и шкрипење т.е. гребење.




Ненамерно го оштетив градот за цели 12 метри улична ограда, веројатно ќе ми прости.

Иронијата да биде уште поголема, со брат ми веќе месец дена збориме како тоа веќе ни е страв со тикото да се возиме. Неколку пати посочивме, од лично искуство, дека е прилично нестабилно, дека кога малку по нагло ќе се закочи (и при мали брзини) бега т.е. лизга на страна. И како заклучок на овие наши увидување, решивме дека е време што побрзо да се продаде и да се земе некоја барем малку повеќе сигурна кола, отколку што е тикото.



Криво ми е што ќе го продадеме. Разделбата тешко ќе ми падне, затоа што ептен многу емотивно сум поврзан со него. Толку многу убави работи ми се случиле, а што се поврзани со тикото, да едноставно разделбата ќе биде тешка и мачна. Но, сепак, затоа што safety comes first, ќе мора да се одлучам на тој тежок потег.

За повеќе слики, можете да КЛИКНЕТЕ ТУКА.