четврток, 8 февруари 2007

Vancouver Film School

Случајно налетав на YouTube, на нивни кратки филмчиња и анимации. Едноставно останав без зборови, кога изгледав неколку кратки филмчиња на студенти од оваа реномирана образовна институција.

Vancouver Film School за себе на сајтот, на кратко имаат напишано:

VFS is a post-secondary entertainment arts school. In just one intensive year at VFS you receive a comprehensive education balancing theoretical instruction and hands-on production. VFS is known as the studio that teaches.


Доколку сакате повеќе да дознаете кој се, што се и што прават, можете на нивниот сајт да се информирате, односно тука http://www.vfs.com/ .
За малку ќе заборавев, еве го директниот линк до 140 нивни филмчиња и анимации.

Се надевам дека ќе уживате, исто како што уживав и јас.

вторник, 6 февруари 2007

Flickr

Конечно ја разработив т.е. ја наполнив мојата галерија на flickr, и истата можете да ја видите тука или пак еве ви го целиот линк http://www.flickr.com/photos/vladimirm/ .

сабота, 3 февруари 2007

Багер

Багерот е омилено возило на секоја наша влада.

А посебно на министерството за култура и на министерството за транспорт и врски. Сигурно се прашувате, што збори сега овој? Само трпение драги мои.

Случај 1.
Министер за култура во претходната влада, уживаше во глетката (да знаеше да вози багер, можда ќе уживаше и во возењето) на една скопска депонија, кога со багер ги газеа гордо запленетите "пиратски" дискови (двд изданија, музички дискови итн.). Некоја чудна среќа извираше од неговото лице, а очите му беа исполнети со задоволство. Сигурно си зборел во себе, ете го и мојот допринес во борбата против гадните пирати.

Случај 2.
Министер за транспорт и врски од актуелната влада како да се натпреварува со неговите претходници, кој ќе даде поголем допринес во борбата против урбаната мафија, со тоа што користејќи го багерот, ќе изруши повеќе дивоградби. Плус, на него се надополнува, еден луд градоначалник на една скопска општина. Зошто луд? Па дали нормален човек, прво ја одбива понудата од сопствениците на становите (во некоја спорна зграда), тие самите да ги платат комуналиите, почнува да ја руши зградата, па после два дена се предомислува, и вика добро нека се платат комуналиите. А зградата? Па, таа остана без доста ѕидови.


Си го поставувам клучното прашање - од каде таква желба за деструкција?
Можеби Фројд, и неговата дружина на психоаналитичари ќе можат да дадат одговор. Јас не го знам. Едноставно не знам зошто мора да се уништува и само да се уништува.

Зарем во случајот со нелегалните дискови, тие не можеа да бидат подарени на домовите за деца без родители. Или пак да се поделат на разни здруженија на граѓани, се со цел да се подигне нивото на писменост и информираност. За мене е подобро, да има подостапни (па макар и нелегални) изданија и повеќе писмен и информиран народ, отколку обратно. Едноставно, како на некој да му одговара, народот да биде помалку писмен и да биде држен во информативна темница.

Околу случајот со рушењето на дивоградбите. Ако веќе мора да се руши, нека биде тоа на самиот почеток, кога се копаат темелите. Кога веќе е изградена зградата, убеден сум дека постојат други решенија покрај тоа истата да се сруши. На пример, зошто таквите згради не се легализираат за страшно големи износи или пак едноставно не се конфискуваат и искористат за плановите за социјални станови.

Но не, полесно е да се руши и уништува.

петок, 2 февруари 2007

Lost in Transition - part 2

Се појавија летоска.

Бев позитивно изненаден од нивната појава, како и од нивната храброст и досетливост при изнаоѓањето на нивниот пат до заработката, преведена во"парче леб". Се стационираа на улица Македонија, измешани помеѓу огромната маса на минувачи, во гужвата од млади дотерани девојки и момци кои што итаа кон кафиќите со цел да најдат место за седење на оваа fancy улица.

Лето пројде, зима дојде.

Тие се сеуште тука. На истата улица, чекајќи некој да застане и да купи од нив. Измрзнати на студот, тие рипкаат во место со надеж дека ќе се загреат. Им пречи зимата, но тоа е, сега за сега немаат друг извор на егзистенција.

Да скратам. Станува збор за моите омилени продавачи на двд дискови, кои што истите ги продаваат на обични картонски кутии. Тоа се моите наредни херои на транзицијата. Од многу страни (власта како и разните Microsoft, Sony, Columbia pictures, Universal pictures и на нив слични) жигосани како пирати, како уништувачи на домашната економија, како грабачи на малиот и крваво заработен профит на погоре наведените фирми.

Но, да ве прашам. Дали ова ви личи на пират ?



Или ова?



Јас на ниедна слика не видов гаден чичко, со дрвена нога, со кука наместо десната шака и со превез на левото око. Не! Јас видов, само обични луѓе кои што пробуваат да заработат и да преживеат.

А кога сум веќе тука , на темата за пиратеријата, не дека имам нешто против оригиналите, но се додека едно двд оригинал чини 25 евра, ќе ја поддржувам пиратеријата. Наместо, оригиналите да ги лиценцираат и нивните цени да ги локализираат (според локалниот стандард), светската индустрија ги продава насекаде по иста цена.

А дека, цената од 100 денари за едно двд одговара на македонскиот стандард говори и следната ситуација фатена од мојот објектив:




Толку за сега. Поздрав до следното дружење со обичните херои.