Вчеравечер (понеделник). Семафори кај судска палата, правец од МКЦ кон Мавровка.
Се случи пребрзо. За делче од секундата, јас веќе два пати се свртев со колата. Фала богу не се превртев на кров, и што е најважно од се, излегов жив и здрав од колата. Влакно од косата не ми фалеше. Заеби кола, заеби ограда, важно е јас да сум добар.

Како бидна? Ах како... Возев со некои 60-70 Kmh, имаше некои 5-6 секунди од зеленото светло. Се решив да го фатам на зелено, но веќе почна жолто да се пали, и јас како совесен возач за да не поминам на црвено, прикочив и толку беше потребно. Благодарејќи на дождот т.е. мократа улица и на неверојатната “стабилност“ на тикото, истото почна да се врти, да проклизнува и завршив во оградата. Имаше некој страшен бизарен звук на удар, тап удар и шкрипење т.е. гребење.

Ненамерно го оштетив градот за цели 12 метри улична ограда, веројатно ќе ми прости.
Иронијата да биде уште поголема, со брат ми веќе месец дена збориме како тоа веќе ни е страв со тикото да се возиме. Неколку пати посочивме, од лично искуство, дека е прилично нестабилно, дека кога малку по нагло ќе се закочи (и при мали брзини) бега т.е. лизга на страна. И како заклучок на овие наши увидување, решивме дека е време што побрзо да се продаде и да се земе некоја барем малку повеќе сигурна кола, отколку што е тикото.

Криво ми е што ќе го продадеме. Разделбата тешко ќе ми падне, затоа што ептен многу емотивно сум поврзан со него. Толку многу убави работи ми се случиле, а што се поврзани со тикото, да едноставно разделбата ќе биде тешка и мачна. Но, сепак, затоа што safety comes first, ќе мора да се одлучам на тој тежок потег.
За повеќе слики, можете да КЛИКНЕТЕ ТУКА.
13 коментари:
n00b! ;-)
Аууууууу!!! God damn!!! Мијановиќу, важно ти си добар. :) А и тоа што десната страна е оштетена доволно е доказ дека лошо си се вртел. Ништо продавај тоа и после Смарт или Пежо. ;)
Може Peugeot, Renault, а богами се мислам и за Toyota Yaris.
Без разлика, кој и да е изборот, тоа нема да биде во скоро време.
Така да, по се изгледа, летово ќе си се префрлам во категорија - ПЕШАЦИ. :)
Или може категорија велосипедисти:)
море!!! супер е што брат ми излезе здрав и жив од тоа „тетрапак-вишња“ ауто... но и ја ќе влезам во групата на пецшаци!...
и не ми недостасува и ќе идам пешки, и вчера реков дека ќе го шутнам у провалија, ПРАЗНО!
-владо нека ми се „лути“...
море!!! супер е што брат ми излезе здрав и жив од тоа „тетрапак-вишња“ ауто... но и ја ќе влезам во групата на пецшаци!...
и не ми недостасува и ќе идам пешки, и вчера реков дека ќе го шутнам у провалија, ПРАЗНО!
-владо нека ми се „лути“...
море!!! супер е што брат ми излезе здрав и жив од тоа „тетрапак-вишња“ ауто... но и ја ќе влезам во групата на пецшаци!...
и не ми недостасува и ќе идам пешки, и вчера реков дека ќе го шутнам у провалија, ПРАЗНО!
-владо нека ми се „лути“...
Убаво е да се пешачи, али пазете се како возат во градов (тука мислам и на оние со автомобили и на оние со мотори, веспи и сл.) единствено сигурно место за пешачење е внатре во Рамстор. :)))))
zivotot e ubav ne ocajuvaj
Тикото на сите ќе ни недостасува, но не повеќе од тебе!
Само вие двајца бидете живи и здрави и јеееее, сега пешачкото лоби се здоби со нови членови :)
ај ќе си купиш нова и поубава!
Группа [url=http://dejavu-group.ru/artist.php]Deja Vu[/url] - это коллектив виртуозных вокалистов и музыкантов.
[url=http://dejavu-group.ru/about_us.php]Дежа вю[/url]- лидер в области музыкального оформления музыкальных мероприятий, свадеб, юбилеев.
В репертуаре Музыкантов Дежа вю около 3 тыс. песен.
Живая музыка. Поп, хиты 70-80-90-х, диско, джаз, ретро, современная музыка, европейские хиты, фоновая музыка, шансон .
Музыкальный ансамбль Dejavu-group располагает мощной качественной музыкальной аппаратурой, позволяющей заполнить приятным и плотным уху звуком как маленькое помещение (фуршет), так и огромное пространство (корпоратив до тысячи человек).
Игорь +7 916 623 4047
Музыкальный ансамбль [url=http://dejavu-group.ru/index.php]Deja Vu[/url] - это коллектив профессиональных вокалистов и музыкантов на праздник.
[url=http://dejavu-group.ru/artist.php]Dejavu-group[/url]- законодатель в области музыкального оформления корпоративных вечеринок, свадеб, торжеств, шоу программ, музыкальных вечеров.
В копилке ВИА Дежа вю около 3000 песен.
Только живое исполнение. Ретро, хиты 70-80-90-х, джаз, диско, поп, современная музыка, европейские хиты, фоновая музыка, шансон.
Музыканты Дежа вю располагает мощной качественной аппаратурой, позволяющей заполнить приятным и плотным уху звуком как небольшое помещение (фуршет), так и большое пространство (корпоратив до 1000 человек).
Андрей +7 910 483 8294
Објави коментар