среда, 7 ноември 2007

Зарем повторно ли?

Аааргх...

Како беше книгата од Е.М.Ремарк, “На западот ништо ново“? Кога би бил писател, барем од калибарот на претходно наведениот автор, 100% сум сигурен дека ќе напишев книга со наслов “На Балканот ништо ново“. Каде што пак, некои од последните поглавја ќе беа и тоа како преокупирани со Македонија.

Повторно пукотници по падините на Шара. Повторно некои криминални(?!?) банди се шетаат и прават зулуми. Повторно акција на полицијата за апсење (растурање?!?) истите банди. Нормално, акцијата е оправдана. Тука нема збор. Но, некако тајмингот ми е проблематичен. Вчера (6-ти Ноември) го добиваме извештајот од Комисијата на ЕУ, кој што е негативен (нормално, тие во Брисел ниту се слепи,ниту глуви, ниту пијат нафта), и оп денес (7-ми Ноември) акција на полицијата против групата/бандата, што и да е. А се знае за постоењето на бандата, барем преку медиумите, веќе едно 5-6 дена. И си викам, хм, па ова човек треба да луд, а да не примети дека нешто тука смрди.

Како и да е популизмот на сегашната влада не ме изненадува, но популизам по секоја цена?!? По цена на безбедноста на државата?!? Не, благодарам.

Не е убаво. Луѓе гинат. Без разлика кои се и што се. Смртта не носи убави работи. Никогаш.

3 коментари:

Unknown рече...

Znaev jas deka si revolucioner!!! :)

Анонимен рече...

thankkss...

Анонимен рече...

thankss..