четврток, 3 мај 2007 г.

Танго Vs. Салса

Повторно испровоциран, се решив да напишам пост. Многу лесно паѓам на провокации, но нејсе, што е тука е.

Тангото ми е некако депресивно, осамени луѓе го играат 1 на 1. Не знам, за мене ја нема доволната доза на возбуда. Но, не е таму проблемот, кај тангото мене ми фали доволната доза на искреност. Каде што сите маски паѓаат, и каде што сите сме си едно, си се разбираме само со поглед и со насмевка.

Сето ова што ми фали кај тангото, го најдов кај салсата. Каде што сите сме си едно. Сите искрено си се разбираме и си се движиме во веселиот ритам, кој не понесува. Не меша во една, брза латино музичка лудорија.

Знам дека повторно ќе предизвикам коментари, и дека ќе има немир меѓу нив. Но, јас го напишав она што искрено го чуствувам. А, јас верувам во тоа што искрено го чуствувам, така да сите коментари ќе бидат излишни. Гајле ми е.

Поздрав!

недела, 29 април 2007 г.

Нов пост-денес бев на Матка :)

И еве, конечно бидна. Нов пост од мене. Но, што да правам не ми доаѓаше инспирација.

И што?

Мораше да пијам 8 саати, за да напишам нов пост. Ако, штом така било пишано, нека биде.

Значи вака. Денеска, недела (29 април) бевме на целодневен пикник, на Матка, кај другарчето ми Васил. такозвани Васо. И беше одлично. Не знам дали беше одлично, ради скарата, која Васо и Чало ја подготвија (која впрочем беше лудило), или ради алкохолот, што би рекол другар ми Дамјан, Алкооол (тука Х не се слуша). Али во секој случај супер беше. И сакам пак, па што? Што ми можете...

Него, во моментов, додека го пишувам постов, се расправам, со еден од истакнатите челници на Слободен Софтер, т.е. Миша, за достапноста на Линукс и неговите диструбуции. Па што? Страшно ли е ако барам повеќе user friendly околина? Нормално дека не е страшно, но кој да разбере. Се додека не ми го направат Линуксот прост, како Windows, ќе им порачам искрено КОЈ ВЕ Е*Е?!?

Таков сум бе. Туп и глуп. Неќам да се замарам, и знам што сакам. И доста ми мрчите, знам дека се е пиратско кај мене, но тоа е, што да правам. Е*аве тоа пингвините импотентни. Напрајте го по user friendly, па тогаш ќе разговараме. А не овака. Аррргх, ме љутите, што уопште ова го пишувам.

А баш сакав да пишувам за Матка. И како беше, убава, рекичката. Како мирно течеше, без никој да се замара со тоа што Ричард Сталман или Бил Гејтс, денеска доручкувал или не дај боже, не доручкувал. Ууууу страшно, it is so scary. Значи муабетот ми е, ЖИВЕЈТЕ СИ ГО ЖИВОТОТ , кој како сака, и доста се фурате.

А за Матка, ќе ви пишам пак, кога ќе ми пројде љутината од ова мрсниве “пингвини“, кој што стварно многу замараат, или што би рекле fellow београџани, смаараат брате, мајке ми.

Поздрав!

понеделник, 5 март 2007 г.

Digital Synthesis @ Hotel Sredno Vodno Review

Синоќа т.е. ноќеска едноставно останав без зборови. Журката беше крш и тотално лудило. Оддамна не паметам ваква журка, на која што и беа погодени сите елементи. Но, ајде да почнам со ред.

1.Музика- Морам да признам дека бев ептен позитивино изненаден од звездата на вечерта, гостинот од САД, црномурестиот Mubali. Типот беше феноменален. Професионално си го одработи live настапот, односно тие 3 часа додека беше он ми пројдоа за миг. Имаше воспоставено совршена комуникација со публиката. За време на настапот на нашите артисти, и тие пред него и тие после него, Mubali играше со останатата публика. Беше разигран помеѓу нас, рамноправно фаќајки го ритамот на psytrance. На гостинот од Чешка, не се сеќавам баш многу, sorry my bad. Што се однесува до нашите момци, чиста десетка. Оваа журка беше уште еден доказ дека имаме одлични psytrance артисти. Браво.

2.Место - Бев скептичен во поглед на местото на одржување на журката (кога прв пат прочитав, си реков wtf? хотел средно водно?!). Но погрешив. Местото го бендисав, добро беше адаптирана салата за ручек во dance hall. Не беше кој знае колку големо, но беше пристојно. Во секој случај, барем 3 пати подобро од МКЦ и тоа мракоината што владее таму.

3.Луѓето - И тука бев пријатно изненаден. Народот беше генерално ОК. Ме зачуди тоа што бројот на “страшните фаци“ (карактеристични за psytrance журките кај нас) не беше така голем и страшен, процентуално гледано од целата маса. Тука мора да додадам нешто и за девојчињата. Повторно десетка. Ги немаше оние страшните цури од psytrance журките, туку девојчињата си беа супер, како да сте во летното Колосеум. (ова најверојатно се должи на фактот, што најголем процент од нив беа на возраст од 17 до 21 година, па немале време да станат страшила)

4.Организација - Одлична. Без гужви, без проблеми и инциденти. Толерантни претставници на законот што значи дека се појавија внатре во 06.30, иако журката беше најавена да трае до 07.00. Но нејсе. И така беше време за дома.

Така да, генералната оценка ќе ја добиете ако ги соберете точките од 1 до 4.

четврток, 8 февруари 2007 г.

Vancouver Film School

Случајно налетав на YouTube, на нивни кратки филмчиња и анимации. Едноставно останав без зборови, кога изгледав неколку кратки филмчиња на студенти од оваа реномирана образовна институција.

Vancouver Film School за себе на сајтот, на кратко имаат напишано:

VFS is a post-secondary entertainment arts school. In just one intensive year at VFS you receive a comprehensive education balancing theoretical instruction and hands-on production. VFS is known as the studio that teaches.


Доколку сакате повеќе да дознаете кој се, што се и што прават, можете на нивниот сајт да се информирате, односно тука http://www.vfs.com/ .
За малку ќе заборавев, еве го директниот линк до 140 нивни филмчиња и анимации.

Се надевам дека ќе уживате, исто како што уживав и јас.

вторник, 6 февруари 2007 г.

Flickr

Конечно ја разработив т.е. ја наполнив мојата галерија на flickr, и истата можете да ја видите тука или пак еве ви го целиот линк http://www.flickr.com/photos/vladimirm/ .

сабота, 3 февруари 2007 г.

Багер

Багерот е омилено возило на секоја наша влада.

А посебно на министерството за култура и на министерството за транспорт и врски. Сигурно се прашувате, што збори сега овој? Само трпение драги мои.

Случај 1.
Министер за култура во претходната влада, уживаше во глетката (да знаеше да вози багер, можда ќе уживаше и во возењето) на една скопска депонија, кога со багер ги газеа гордо запленетите "пиратски" дискови (двд изданија, музички дискови итн.). Некоја чудна среќа извираше од неговото лице, а очите му беа исполнети со задоволство. Сигурно си зборел во себе, ете го и мојот допринес во борбата против гадните пирати.

Случај 2.
Министер за транспорт и врски од актуелната влада како да се натпреварува со неговите претходници, кој ќе даде поголем допринес во борбата против урбаната мафија, со тоа што користејќи го багерот, ќе изруши повеќе дивоградби. Плус, на него се надополнува, еден луд градоначалник на една скопска општина. Зошто луд? Па дали нормален човек, прво ја одбива понудата од сопствениците на становите (во некоја спорна зграда), тие самите да ги платат комуналиите, почнува да ја руши зградата, па после два дена се предомислува, и вика добро нека се платат комуналиите. А зградата? Па, таа остана без доста ѕидови.


Си го поставувам клучното прашање - од каде таква желба за деструкција?
Можеби Фројд, и неговата дружина на психоаналитичари ќе можат да дадат одговор. Јас не го знам. Едноставно не знам зошто мора да се уништува и само да се уништува.

Зарем во случајот со нелегалните дискови, тие не можеа да бидат подарени на домовите за деца без родители. Или пак да се поделат на разни здруженија на граѓани, се со цел да се подигне нивото на писменост и информираност. За мене е подобро, да има подостапни (па макар и нелегални) изданија и повеќе писмен и информиран народ, отколку обратно. Едноставно, како на некој да му одговара, народот да биде помалку писмен и да биде држен во информативна темница.

Околу случајот со рушењето на дивоградбите. Ако веќе мора да се руши, нека биде тоа на самиот почеток, кога се копаат темелите. Кога веќе е изградена зградата, убеден сум дека постојат други решенија покрај тоа истата да се сруши. На пример, зошто таквите згради не се легализираат за страшно големи износи или пак едноставно не се конфискуваат и искористат за плановите за социјални станови.

Но не, полесно е да се руши и уништува.

петок, 2 февруари 2007 г.

Lost in Transition - part 2

Се појавија летоска.

Бев позитивно изненаден од нивната појава, како и од нивната храброст и досетливост при изнаоѓањето на нивниот пат до заработката, преведена во"парче леб". Се стационираа на улица Македонија, измешани помеѓу огромната маса на минувачи, во гужвата од млади дотерани девојки и момци кои што итаа кон кафиќите со цел да најдат место за седење на оваа fancy улица.

Лето пројде, зима дојде.

Тие се сеуште тука. На истата улица, чекајќи некој да застане и да купи од нив. Измрзнати на студот, тие рипкаат во место со надеж дека ќе се загреат. Им пречи зимата, но тоа е, сега за сега немаат друг извор на егзистенција.

Да скратам. Станува збор за моите омилени продавачи на двд дискови, кои што истите ги продаваат на обични картонски кутии. Тоа се моите наредни херои на транзицијата. Од многу страни (власта како и разните Microsoft, Sony, Columbia pictures, Universal pictures и на нив слични) жигосани како пирати, како уништувачи на домашната економија, како грабачи на малиот и крваво заработен профит на погоре наведените фирми.

Но, да ве прашам. Дали ова ви личи на пират ?



Или ова?



Јас на ниедна слика не видов гаден чичко, со дрвена нога, со кука наместо десната шака и со превез на левото око. Не! Јас видов, само обични луѓе кои што пробуваат да заработат и да преживеат.

А кога сум веќе тука , на темата за пиратеријата, не дека имам нешто против оригиналите, но се додека едно двд оригинал чини 25 евра, ќе ја поддржувам пиратеријата. Наместо, оригиналите да ги лиценцираат и нивните цени да ги локализираат (според локалниот стандард), светската индустрија ги продава насекаде по иста цена.

А дека, цената од 100 денари за едно двд одговара на македонскиот стандард говори и следната ситуација фатена од мојот објектив:




Толку за сега. Поздрав до следното дружење со обичните херои.